Во средината на јануари јавна расправа за новиот закон за нотаријат
Јавна расправа за новиот закон за нотаријатот ќе се одржи во Собранието на Република Македонија по божикните празници. Ова денеска беше договорено на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, откако заменик-министерката за правда Билјана Бришковска-Бошковски го образложи новиот Предлог-закон пред пратениците.
Бришковска-Бошковски посочи на повеќе одредби од Предлог - законот, со кои меѓу другото се предвидува и присуство на адвокати при составувањето на нотарски исправи и изготвување на приватни исправи од адвокати со адвокатски печат и потпис кои потоа ќе се потврдуваат од нотар. Учеството на адвокати зависи од вредноста на предметот на службеното дејствие кое се презема, изготвување на предлозите за донесување на решение за нотарски платен налог како и редовните правни лекови од страна на адвокати. Адвокати ќе присуствуваат и во оставинска постапка пред нотар.
Со новите законски одредби се предвидува, како што истакна заменик министерката за правда, поголема правна сигурност и заштита на граѓаните и правните лица во реализација на своите права, пред се, во правниот промет и намалување на судските предмети. Посебен акцент е ставен на одредбите кои го регулираат надзорот над нотарите и Нотарската комора на Република Македонија.
Новина во законската регулатива на нотаријатот во Република Македонија е и воведувањето на испитот за заменик-нотар, помошник-нотар, нотарски стручен соработник и стручен испит за проверка на знаењата на нотарите, како и новиот начин на полагање на нотарскиот испит, испитот за заменик-нотар, помошник нотар, нотарски стручен соработник и стручен испит за проверка на знаењата на нотарите по електронски пат заради поголема објективност во оценувањето како и на посебна глава за прекршочни одредби, во којшто се предвидуваат прекршочни казни за сторени прекршоци од страна на претседателот на Нотарската комора, и други лица кои не ги почитуваат одредбите од законот.
Пратеничката Рената Треневска-Десковска истакна дека законот е направен за да се подели финансискиот колач меѓу нотарите и адвокатите и оти тоа ќе биде на сметка на граѓаните. Побара одржување јавна расправа за законот на која ќе бидат присутни претставници од сите засегнати страни, Нотарската комора, Адвокатската комора, правници итн.
Пратениците и заменик министерката ја поддржаа идејата за јавна расправа, која е закажана по божикните празници.
Горан Милевски од ЛДП рече дека освен што ќе се зголемат финансиските трошоците за граѓаните ќе се усложни и постапката со потребата за присуство и на адвокат, особено во случаи кога странки ќе бидат повеќе лица.
Заменик-министерката за правда истакна дека за одредбите од Предлог-законот подолго време била консултирана Нотарската комора.
Предлог-законот за нотаријатот денеска го помина првото читање на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. На дневен ред беа и Предлог-законот за извршување и измените и дополнувањата на Законот за матичната евиденција, двата во прво читање.
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
