Македонија
4. September 2023 - 19:46

Во среда почнува со работа работната група за минимална пензија

Работната група која ќе ги разгледува барањата на пензионерите во среда ќе ја има првата работна средба. Според најавите на министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска една од главните теми на состанокот ќе биде законот за минимална пензија, но  ќе се разговара и за повеќе други теми важни за подобрувањето на животниот стандард на пензионерите.

Работната група е формирана со одлука на влада, а во неа се вклучени претставници на сите релевантни институции. Темата со пензиите стана актуелна пред околу еден месец откако пензионерите излегоа на протести незадоволни од најавата за покачување за 6%.

Дел од нивните барања беа линеарно покачување од 3500 денари и воведување минимална пензија еднаква со минималната плата. Новата методологија за пресметка на пензиите  и нивно усогласување двапати во текот на годината беше донесена лани.