Во среда ќе се прска против комарци во Скопје

Град Скопје информира дека авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира в среда, а во четврток ќе се спроведе терестричната дезинсекција (земјена).
Првата аеросолна дезинсекција (авионска) за годинава ќе се одвива од 6 до 12 часот. Ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.
Земјената дезинсекција, прва за годинава, ќе се реализира од 9 до 17 часот. Ќе ги опфатени сите стоечки водени површини во Скопје (канали, езерата во Градскиот парк, езерото Треска и по течението на реката Вардар).
Град Скопје информира дека доколку временските услови не дозволат, авионската дезинсекцијата против ларви од комарци ќе се изврши првиот нареден ден, во истиот термин. Согласно на тоа ќе се извршува и соодветната земјена дезинсекција.
Градските власти апелираат пчеларите на време да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Ново на Сител
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
-

Голем интерес за викенд куќи под Беласица, Ново Село од 13 парцели инкасираше 5,7 милиони денари
-

Наскоро се очекува да профункционира домот за стари лица во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
