Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците

Во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари денеска со погребување на посмртните останки на уште десет жртви ќе се одбележи 31-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година.
Генералното собрание на Обединетите нации пред две години го прогласи 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, осудувајќи го негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.
Геноцидот во Сребреница, извршен од силите предводени од командантот на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, при што се убиени над 8.000 луѓе, првенствено мажи и момчиња.
Геноцидот е правно потврден со пресуди на Меѓународниот суд на правдата, Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (Хашки трибунал) и Судот на Босна и Херцеговина. Досега над 50 лица се осудени за геноцид, злосторства против човештвото и други злосторства во Сребреница. Петмина, вклучувајќи ги Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, се осудени на доживотен затвор.
Меѓународниот суд на правдата во 2007 година пресуди дека Војската на Република Српска извршила геноцид во Сребреница, додека Србија беше прогласена за одговорна бидејќи не го спречила геноцидот.
МИА
Ново на Сител
-

Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците
-

Технологијата ги дава одговорите, но наставникот ги поставува вистинските прашања
-

Ново археолошко богатство кај Корошишта
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
