Во Србија уапсени четворица шверцери на оружје за терористи во Европа
Српската полиција утрово уапси четири лица, кои се обиделе да прошверцуваат оружје и муниција во Унгарија.
Според информации на српската Безбедносна информативна агенција (БИА) оружјето било наменето за исламистички терористички групи во Европа.
Меѓу уапсените е и 31-годишен српски државјанин, кој минатата година беше приведен во Шведска под обвинение дека била главната врска за преродажба на оружје од Босна и Херцеговина на членовите на движењето Муслиманско братство во Шведска.
Меѓу уапсените еден е државјанин на БиХ, еден на Ирак и еден на Сирија. Тие имале фалсификувани бугарски пасоши.
Во автомобилот со кој патувале уапсените се пронајдени пет пиштоли, оптички нишан, шаржер за автоматска пушка со 30 куршуми, два шаржера за карабин, муниција за пиштол со различен калибар и две автоматски пушки.
Движењето Муслиманско братство се смета за најголем купувач на оружје на црниот пазар, а во терористичките напади во Европа често се користи оружје произведено на територијата на поранешна Југославија.
Ново на Сител
-
Прв лет Амстердам - Скопје по 12 години
-
Почнува Велигденскиот пост
-
Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на унгарско-македонски владин самит во Унгарија
-
ССМ ќе достави предлог за минимална плата од 500 евра
-
САД ги суспендираат кибер операциите против Русија како дел од напорите за подобрување на односите
-
Зеленски: Ќе поднесам оставка под услов Украина да влезе во НАТО
-
Брнабиќ: Нема да има контрамитинг во Белград на 15 март
-
Сончево со ниски утрински температури