Во Србија се регистрирани 17 случаи на заболени од вирусот на западнонилска треска
Бројот на заболени лица од вирусот на западнонилска треска во Србија е зголемен на 17 случаи, од кои два имале смртни последици, изјави денеска директорот на српскиот Институт за јавно здравје, Драган Илиќ.
- Ситуацијата е слична на онаа од 2014 година, кога имавме ист број на заболени, истакна Илиќ.
Тој нагласи дека симптомите се слични на грипот и се многу опасни за повозрасните луѓе и оние со слаб имунитет.
Што се однесува до вирусот зика, Илиќ истакна дека меѓу српските спортисти кои учествуваа на Олимпијадата во Рио не е регистриран ниту еден случај, но побара од нив да извршат испитувања во Институтот, со цел да се провери дали постои некаква инфекција. Досега 17 спортисти извршиле тестирања и нема ниту еден позитивен случај.
Во врска со мигрантската криза, тој додаде дека нема сериозни проблеми, но досега се регистрирани 10 случаи на маларија меѓу мигрантите.
- Засега е се под контрола, правиме се за да не се појави некоја сериозна епидемија, изјави директорот на српскиот Институт за јавно здравје.
Ново на Сител
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата
-
Муцунски во Шведска
-
Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“
-
Анализа: Како напредува процесот на дигитализација на УКИМ?
-
Прилеп конечно доби комплетно нова детска градинка, втора по големина во Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри