Во Србија отворени гласачките места
Утрово во 7 часот се отворени гласачките места заради одржување на редовните парламентарни, покраински и локални избори. Своето гласачко право ќе можат да го искористат 6.583.665 граѓани на 8.386 гласачки места, меѓу кои и на 90 места во Косово и во 42 амбасади на Србија.
Граѓаните на Србија ќе бираат пратеници за Националното собрание, во кое има 250 пратенички места. Истиот ден, граѓаните на Автономната покраина Војводина ќе избираат и 120 пратеници на Покраинското собрание, а ќе се гласа и за локалните собранија во градовите и општините на Србија.
На парламентарните избори за доверба на 6.583.665 гласачи оваа година ќе се натпреваруваат 21 избирачна листа на партии и коалиции, кои ќе се борат да го поминат прагот од три проценти и да освојат места во српскиот парламент. Дел од опозицијата ги бојкотира изборите.
Поради епидемијата на коронавирус Републичката изборна комисија (РИК) пропиша дека за сите членови на избирачките одбори се обезбедени одредени мерки на заштита, маски и ракавици. Самите гласачи не мора да носат маски, но РИК препорача истите да се носат и за сите гласачи обезбеди маски за денот на гласање.
Претседателот на РИК Владимир Димитријевиќ утрово рече дека сите гласачки места се отворени на време и оти се преземени сите мерки за заштита согласно препораките на Кризниот штаб.
Гласачките места ќе бидат затворени во 20 часот.
Резултатите од изборите РИК ги објавува во Службен весник, не подоцна од 96 часа по завршувањето на гласањето.
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија