Во Србија денес започна владината промотивна акција „Најдобра цена“, со намалени цени на околу 700 производи
Во Србија денеска почнува промоцијата „Најдобра цена“ во чии рамки, како што најави Владата на Србија, до крајот на октомври цените на околу 700 производи ќе бидат пониски од сегашната промотивна цена во околу 2.500 малопродажни продавници во земјата, јави дописникот на МИА од Белград.
Акцијата вклучува 81 производ, а попустот во просек ќе биде 26,82 отсто, рече премиерот Милош Вучевиќ на презентацијата на акцијата и истакна дека домаќинствата ќе можат да заштедат од 8.000 до 22.000 динари месечно со купување на производи кои ќе бидат вклучени во акцијата.
-Станува збор за важни производи кои ја сочинуваат потрошувачката кошничка, а овде зборуваме за производи како што се средства за лична хигиена, прашок за перење, пелени за бебиња, храна за бебиња, сокови, хемикалии за домаќинство, секакви видови храна, јајца, сладолед, овошје, зеленчук, месо и млечни производи, јогурт и млеко. Намалувањето на овие намирници во просек ќе изнесува близу 27 отсто, преточено во обичен речник – граѓаните во домашниот буџет ќе имаат една третина повеќе пари во споредба со претходното купување на овие производи, изјави денес за Курир Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија.
Поевтинувањата ќе се движат од седум отсто, колку ќе се намали цената на киселото млеко, до 58 отсто, колку што ќе поевтини прашокот за перење.
На пример, цената на стиснатата шунка ќе се намали од 1.199,99 динари на 799,99 динари, шунка во црево од 829,99 на 599,99 динари, компири од 84,99 на 59,99 динари, сирење од 899,99 на 689 динари.
Цената на килограм пилешко ќе се намали за 15,22 отсто, свинско за 11,57 отсто, јајцата за 13,41 отсто, компирите за 27,65 отсто.
Кога станува збор за средствата за хигиена, детскиот шампон ќе поевтини за 34,87 отсто, пелените за бебиња за 28,64 отсто, а пакувањето од две четкички за заби за 33,17 отсто.
Со акцијата вклучена е и сувата храна за домашни миленици, која ќе поевтини за 30 отсто, па седум килограми храна за кучиња наместо 999,99 динари ќе чинат 699,99 динари.
Денешниот курс на динарот според НБС за евра изнесува 117,02динари.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти