-->
-->
Во Србија денес ќе пристигнат милион дози од кинеската вакцина „Синофарм“
-->
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес, на аеродромот Никола Тесла, ќе го пречека авионот на Ер Србија, кој ќе донесе во Белград еден милион вакцини на компанијата Синофарм од Кина.
Како што беше соопштено од кабинетот на српскиот претседателот за односи со медиумите, авионот на Ер Србија од Кина се очекува да слета околу десет часот.
Зоран Гојковиќ, член на Кризниот штаб за сузбивање на епидемијата на коронавирусот, изјави дека по добивањето на сите одобренија од Агенцијата за лекови и медицински помагала, примената на кинеската вакцина во Србија може да започне во недела или понеделник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка