Балкан
3. December 2020 - 20:47

Во Србија 7.802 новозаразени, 288 пациенти на респиратор

Во Србија, во последните 24 часа, се потврдени 7.802 нови случаи на коронавирус, а 61 лице починало. На апарати за дишење се 288 лица, што е најмногу од почетокот на епидемијата.

Во тој период се тестирани 22.243 примероци, а хоспитализирани се 7.726 лица, објавено е на веб-страницата Covid-19.rs.

Досега во Србија биле заразени 199.158 лица, од кои 1.765 починале.

Тестирани се вкупно 1.844.731 примерок.

Стапката на смртност е 0,89 проценти.