Во Советувалиштата за откажување од пушење совети добиле 500 лица

Во рамки на центрите за јавно здравје во Република Македонија минатата година се отворија Советувалишта за откажување од пушење, наменети за сите заинтересирани граѓани кои можат да се пријават на едукативни предавања во центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во текот на една година (јуни 2014 - јуни 2015 година) со советувањата се опфатени вкупно 500 лица, од кои половина се здравствени работници кои биле дел од групно советување.
Согласно Акцискиот план, во првата фаза беа опфатени здравствените работници со цел да им помогнат на своите пациенти во процесот на откажување од пушење.
Сите Центри за јавно здравје подготвија план за работа на Советувалиштето, кој е достапен на веб-страниците на Центрите. Овие едукации се одржуваат двапати неделно по два часа.
На пример, во Центарот за јавно здравје во Скопје, советувалиштето работи во вторник и четврток од 13 до 15 часот.
Советувалиштата се достапни за сите заинтересирани граѓани кои ќе се обратат во Центрите за јавно здравје и во нив работи стручен и обучен кадар од доктор-специјалист и медицинска сестра, а по потреба и други соработници (социјален работник, психолог и др.), кои одржуваат едукативни предавања со фокус на презентирање на штетните ефекти од пушењето врз здравјето на пушачите, како и на штетните влијанија од тутунскиот чад за околината.
Со континуирана едукација и укажување на штетните последици од пушењето, придонесуваме кон целокупно подобрување на јавното здравје.
Ново на Сител
-

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите
-

Николоски: Нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
-

Детален извештај за прославата на 35 години независност: За 18 реализирани настани потрошени се 340,5 милиони денари
-

Две момчиња од Скопје тврдат дека биле претепани од полицајци, МВР отвори истрага
-

Пред крајот на месецот дигитална лична карта
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
