-->
-->
Во сообраќајка загина 33-годишен мотоциклист од Кичево
-->
На 04.05.2025 во 14.30 часот во Полициската станица Дебар е пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на с.Отишани, дебарско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Б.Р.(33) од Кичево и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(43) од Скопје.
Во несреќата на местото на настанот починал мотоциклистот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобиле возачот Б.Г. и неговата сопатничка М.Ј.Г.(42) од Скопје, констатирани во Општата болница Дебар.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Дебар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Кривична одговорност и за Тошковски и Јанев
-
Меџити: Повлечете ги парите од онлајн казината
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историчарите од Македонија и Бугарија