Македонија
21. November 2023 - 17:50

Во сообраќајка помеѓу трактор и автомобил со тешки телесни повреди се здобиле две лица

На 20.11.2023 во СВР Тетово било пријавено дека во 17.10 часот кај клучка Жеровјане, пред с.Жеровјане, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор без регистарски ознаки, управуван од И.Т. (33) од с.Боговиње, тетовско и патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.М.(67) од с.Жеровјане.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Т. (60) од с.Боговиње, сопатник во тракторот, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „пасат“, констатирани во Клиничка болница Тетово, информира МВР.

Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Тетово.