Свет
4. March 2017 - 17:24

Во Сомалија во последните 48 часа од глад починале 110 лица

Сомалискиот премиер Хасан Али Каир денеска изјави дека само во последните 48 часа, во регионот Беј, на југозапад од земјата,од глад починале 110 лица, додека во другите области се загрозени милиони луѓе, пред се, од суша.

Американските медиуми наведуваат дека ова се првите смртни случаи предизвикани од суша, која во вторникот ја прогласи владата на Сомалија, кога воедно беше прогласена и национална катастрофа.

Обединетите нации проценија дека во овој дел на Африка пет милиони лица имаат потреба од хуманитарна помош.