Во Собранието треба да се гласа за уставни судии и за законот за јазиците
Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 27. седница треба да се изјаснат за предлозите на претседателот Ѓорге Иванов, Осман Кадриу и Дарко Костадиновски да бидат нови уставни судии. На дневен ред на оваа седница е и Предлог законот за употреба на јазиците. Покрај 27. седница, за денеска се закажани уште пет други, каком и седници на Комисијата за политички систем и Законодавно-правната седница.
Се уште нема информација дали пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе се вклучат во работата на Парламентот. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски за денеска најави координација на која ќе се одлучува кои чекори партијата ќе ги преземе во иднина.
За напладне во Собранието е најавено најнапред продолжение на 27. седница, на која на дневен ред се, меѓу другото, Предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија, Предлог на закон за употреба на јазиците, во второ читање, измени и дополнувања на Законот за работните односи, прво читање, поднесен од 11.868 избирачи, во прво читање и неколку други закони и одлуки.
На 26-та седница на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, на 22-та се реформските измени и дополнувања на Законот за заштита на сведоци и Предлог на закон за престанок на важењето на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, двата по скратена постапка.
Закажани се и продолженија на 11-та, 13-та и 15-та седница, со по неколку точки на дневниот ред.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори