Во Собранието седници на две комисии
Во Собранието денеска седница треба да одржат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно- правната комисија.
На дневен ред на овие две собраниски комисии има една иста единствена точка - Предлог на законот за изменување на Законот за Царинската управа, по скратена постапка во второ читање.
Како што стои во образложението објавено на собраниската веб-страна, со овој Предлог се предвидува уште еден заменик-директор, со кој се доуредува раководната структура на Царинската управа и се овозможува поефективно вршење на работите од надлежност на институцијата.
-Предлог-законот за изменување на Законот за Царинската управа се заснова на истите начела на кои се заснова основниот текст на Законот за Царинската управа, со цел да се доуреди раководната структура на Царинската управа и да се овозможи поефикасно и поефективно вршење на работите од надлежност на институцијата, се вели во образложението по Предлог-законот.
Ново на Сител
-
Околу два милиони денари од хуманитарниот пикник на Алкалоид за СОС Детско село
-
Непалците ја користат нашата држава како попатна станица кон Европа
-
Од 30-ти септември до 2-ри октомври „Денови на модата“ во Штип
-
Израел се подготвува за инвазија во Либан
-
Тема на денот со Марјан Ненов од движењето Стоп извршители
-
Почина родилка во кумановската болница, новороденчето на интензивна на Детска
-
Струмица и шест села останаа без исправна вода за пиење
-
Законот за нефер трговски практики стапи на сила, поевтинување нема