Во Собранието почна 13. Косап
Во Собранието на Република Македонија денеска почна 13. Конференција на Парламентарните комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од ЈИЕ - Косап. Гости говорници на конференцијата се и тројката европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан.
Конференцијата има две сесии и тоа за Европските перспективи на Западен Балкан и владеењето на правото во Западен Балкан.
Претседателот на Собранието Талат Џафери на отворањето на Конференцијата посочи на стратешките приоритети на Македонија за влез во ЕУ и НАТО.
- Актуелното парламентарно мнозинство и оваа владина коалиција се решени да ги надминат оние отворени прашања кои не блокираат на европскиот пат, а со тоа дефинитивно да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, рече Џафери.
Договорот со Бугарија и разговорите со Грција за спорот за името, укажа Џафери, ја потврдуваат определбата на Македонија преку дијалог и заемно почитување да се изнаоѓаат решенија и за најчувствителните прашања.
Зборувајќи за реформите предвидени со Планот 3-6-9, Џафери рече дека не е доволен само ангажманот на парламентарното мнозинство и Владата, туку е потребно и целосно вклучување на опозицијата.
Како гости говорници на сесиите покрај тројцата европратеници се најавени и евроамбасадорот Самуел Жбогар, Кристијан Вигенин, претседател на Комисијата за европски прашања и контрола на Европските фондови, амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли, како и министрите за надворешни и за правда на Македонија Никола Димитров и Билен Салији.
Организатор е собраниската Комисија за европски прашања.
Претседателот на Комисијата Артан Груби, како претседавач на конференцијата ја повика Европската унија да не ја остава Република Македонија и Западен Балкан уште во чекалната, каде, како што наведе, дуваат источни ветриви.
Груби вели дека конференцијата се прави во периодот помеѓу објавувањето на Стратегијата за Западен Балкан на ЕК, по посетата на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер на Македонија за да се напарви еден вид притисок за Македонија да добие позитивен извештај за напредокот и чиста препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ.
На конференцијата учествуваат претставници на Македонија, Србија, Албанија, БиХ, Турција, Црна Гора и Косово, како и Бугарија, која е актуелен претседавач. Поканети се и претставници на академската заедница во Македонија, четириесетина граѓански организации, како и дипломатскиот кор.
Како што е најавено, на крајот на конференцијата ќе биде усвоена заедничка изјава
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико