-->
-->
Во собранието денес седници на две собраниски комисии
-->
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања и за надворешна политика.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност, по скратена постапка.
Членовите на Комисијата за надворешна плитика, пак, ќе расправаат по Предлог законот за ратификација на Рамковната спогодба за финансиско партнерство помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија застапувана од Владата на Република Северна Македонија за посебните постапки за спроведување на финансиска помош од Унијата за Република Северна Македонија според Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), како и Предлог законот за ратификација на Конвенцијата за договорите за избор на надлежен суд.
На оваа седница на комисијата треба да се разгледаат и Предлог законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за основање Културно – информативни центри во Белград и во Скопје, како и Предлог законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово за статусот на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и Безбедносните сили на Република Косово за време на нивното привремено стационирање на териториите на горенаведените држави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
