Македонија
23. December 2016 - 15:15

Во Смилево одбележани 110 години од смртта на Даме Груев

Општина Демир Хисар ја одбележа 110 - годишнината од смртта на македонскиот револуционер Даме Груев.

Според востановената традиција, чествувањето почна со претпладневна панихида што се одржа во црквата „Свети Ѓоргија“ во Смилево и со полагање цвеќе на спомен костурницата на Даме Груев и Споменикот на смилевските Илинденци.

- Груев беше инспиратор и организатор на борбата за време на Илинденското востание, човек кој е и ќе биде вечно врежан во македонската историја, рече меѓудругото градоначалникот на општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски на комеморативниот настан во Смилево.

По повод 110 - годишнината од смртта на Даме Груев, вечер во Битола ќе се одржи свечена академија.