-->
-->
Во Словенија регистрирани само 13 нови случаи на заразени со коронавирусот
-->
Словенечката Влада објави дека во земјата се регистрирани само 13 случаи на новозаразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Овие новозаразени се откриени во последното деноноќие кога се тестирани 1.250 лица.
Од сите инфицирани болнички се лекуваат 93 пациенти, а на интензивна нега се наоѓаат 27 лица со потешка форма на Ковид-19.
Во изминатите 24 часа од болница се отпуштени осум пациенти, а четири лица починаа како последица од инфекцијата.
Жариште на заразата остануваат домовите за стари лице, од каде се и најголем дел од новозаразените.
Здравствените власти во Словенија констатираа дека земјата ја ставила под контрола заразата и почнаа со постепено укинување на ограничувањата за граѓаните и компаниите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност