Во Словенија повторно се живее „нормално”

Убавото време и укинувањето на повеќе ограничувања донесени поради епидемијата на коронавирусот е причина Словенија по подолго време да помине релативно „нормален” ден.
По речиси два месеца, како и низ целата држава така и во Марибор повторно беа отворени кафулињата и рестораните. Почитувајќи ги сите мерки на Националниот институт за јавно здравје, граѓаните повторно можеа надвор од своите домови да испијат кафе или да ручаат. Отворени се само надворешните делови, односно терасите од објектите, а на иста маса можат да седат само членови на исто семејство. Персоналот задолжително носи заштитни маски, а истото треба да го сторат и гостите кои сакаат да влезат во внатрешниот дел од угостителските објекти за да одат во тоалет.

Слично беше и во Целје, каде што пред се постарите кои беа на пазарите го искористија убавото време и за да седнат во локалните кафулиња на пијалок и да се одморат.
Според тоа каква беше сликава утринава во главниот град, по се изгледа на Љубљанчани највеќе им недостасуваа фризерските салони. Редовите пред овие објекти се направија поради тоа што за нивната работа сега важат строги протоколи.
Така на пример, за да се дојде на фризер неопходно е претходно телефонски да се закаже термин, а во објектот не смее да се влезе доколку се уште некој има внатре. Фризерите задолжително мораат да носат визир, заштитна маска и ракавици.
Од денеска да се средат можеа и домашните миленици бидејќи и салоните за нега на домашните животни повторно беа отворени.
Во Словенија денеска, втор ден по ред, не се регистрирани нови случаи на новозаразени со коронавирусот. Според најавата на Владата, набрзо ќе биде активиран и јавниот превоз, но како и за се друго и таму ќе важат строги мерки со цел спречување на повторното ширење на вирусот.
Ново на Сител
-

Горивата со нов скок - дизелот поскап за 6, бензините за 3 ден/л
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
