-->
-->
Во Словенија потврдени три нови случаи на Ковид-19
-->
Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека вчера во земјата се направени 1.449 тестирања за новиот коронавирус, а три биле позитивни.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, ова претставува намалување во однос за вчера, кога беше објавено за шест новозаразени лица.
Намалување има и на бројот на хоспитализирани лица поради Ковид-19, па така во медицинските центри во земјата болнички се лекуваат вкупно 53 пациенти, од кои 14 поради тешка форма на болеста се на одделите за интензивна нега.
Изминатите 24 часа од болница се отпуштени две лица, а едно почина како последица на болеста со што досега вкупно 99 Словенеци ја изгубија битката со новиот коронавирус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со професор Борче Треновски