Во Словенија дозволена работа на продавниците до 400 метри квадратни
Во согласност со минатонеделната уредба на Владата на Словенија, продавниците со вкупна површина до 400 метри квадратни од денеска повторно ќе бидат отворени за купувачите.
Владата во Љубљана минатиот четврток донесе одлука да ги суспендира овластувањата на локалните власти сами да воведат ограничувачки мерки и прогласи црвена зона низ целата земја.
Како што пренесува агенцијата СТА, иако одлуката на Владата стапи на сила минатата сабота, многумина не ги отворија веднаш своите деловни капацитети, бидејќи не успеаја да обезбедат потврди за тестирање за своите вработени, па според Словенечката трговска комора, само 10 до 15 проценти од нив ги отвориле своите објекти.
Поради проблеми со тестирањето, Националниот институт за јавно здравје на Словенија вети дека ќе им помогне на сопствениците на продавници кои можат повторно да примаат клиенти.
Според премиерот Јанез Јанша и министерот за економија Здравко Почивалшек, трошоците за тестирање ги сноси државата.
Ново на Сител
-
Шест лица загинаа во експлозија во ресторан во Чешка
-
Израелската армија издаде нова наредба за евакуација на централниот дел на Газа
-
На Попова Шапка најстудено и со најмногу снег, најтопло во Претор
-
Во пожарите во Лос Анџелес досега загинале 16 лица
-
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка, Делчево – ГП Делчево, Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, Пресека, Плетвар
-
Најмалку 10 загинати и 65 повредени во експлозија на бензинска пумпа и резервоар за гас во Јемен
-
Лестер ја прекина катастрофалната серија на порази
-
Грилиш постигна гол по 392 дена