Во Словенија 2.025 нови случаи, премиерот најави долга зима
Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 2.025 нови случаи на коронавирус од 6.311 тестови, што е високи 32,1 процент позитивни случаи, објавија словенечките медиуми.
Обраќајќи им се на граѓаните, премиерот Јанез Јанша синоќа рече дека ќе следи еден месец тешка борба против коронавирусот и долга зима во која ќе биде потребна претпазливост.
Тој посочи дека верува дека Словенците ќе ги дочекаат Божиќ и Нова година во понормални околности од сегашната ситуација, доколку сите се придржуваат до пропишаните епидемиолошки мерки и владини одлуки, вклучително и полициски час во текот на ноќта и „заклучување“ на граѓаните во рамките на општините во кои живаеат.
„Драстичните мерки преземени за запирање на дел од социјалниот живот беа потребни за да се спречи колапсот на здравствениот систем“, рече Јанша, повикувајќи на солидарност и одговорност во текот на зимата за запирање на сегашниот втор бран на епидемијата.
Од почетокот на епидемијата во Словенија се потврдени повеќе од 39.000 случаи на коронавирус, но Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ) во својата нова проценка наведе дека во земјата веројатно има околу 90.000 лица заразени со коронавирус, односно дека секое 22-то лице е заразено.
НИЈЗ соопшти дека се проценува дека врвот на вториот бран на епидемијата ќе биде достигнат подоцна оваа недела.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
