Во словенечкото Собрание прва интерпелација за министер во владата на Јанез Јанша

По помалкулку од 100 дена работата на нова словенечка Влада на чело со премиерот Јанез Јанша, во Собранието се распарава по интерпелација за негов министер.
Пратениците на сите опозициски парламентарни партии ја поддржаа интерпелацијата за министерот за економија Здравко Почивалшек, кого го обвинуваат за системска корупција при набавката на респиратори и заштитна медицинска опрема на почетокот на пандемијата со коронавирусот.
Дополнително пратениците на партијата на поранешниот премиер Марјан Шарец (ЛМШ), Социјал-демократите (СД), заедно со Левица и партијата на Аленка Братушек (САБ), сметаат дека Почивалшек прикривал информации при образложувањето зошто наредил плаќање на 100 отсто аванс на фирма која конкурирала за набавка на респиратори, кој според дел од лекарите, вклучително и комисија при Универзитетскиот клинички центар ов Љубљана, не ги исполнувале потребните стандарди и поради тоа воопшто не се употребували при лекувањето на пациентите со Ковид-19.
Министерот изминатите денови изјавуваше дека нема ништо незаконски во постапката и дека се обидувал само да спаси човечки животи, на што опозицијата му возврати дека тој сакал „само да спаси нечии сметки и паричници“.
Коалициските партнери веќе најавија дека нивните пратеници ќе го поддржат министерот, а со тоа неговото разрешување и малку извесно.
Според деловникот за работа на Собранието, седницата е предвидено да трае до 16 часа, односно до доцна во ноќта.
Ново на Сител
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
-

Арагчи: Останува да се види дали САД се сериозни во дипломатијата
-

Закана за бомба во City Mall – дојавата пристигнала на мејл на МВР | ФОТО
-

Гаши: Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел
-

Трамп ненадејно го откажа испраќањето претставници во Пакистан
-

Најголем дел од законите поднесени од Владата одат во редовна постапка, останува примерот да го следат и пратениците
-

Мицкоски на средба со Македонци кои живеат во Србија
-

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против три лица од Дојран, меѓу кои и поранешниот градоначалник
