Во Словачка дојава за бомби во 270 училишта
Околу 270 основни училишта низ Словачка утринава добија дојава за бомба, изјави словачкиот министер за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток.
Помеѓу училиштата кои добиле дојави се и основните училишта во општината Петржалка во Братислава, потврди портпаролката на општинските власти Марија Халашкова.
Полицијата не пронашла експлозив во училишните простории, па учениците по проверка можеле да се вратат во училниците.
Во меѓувреме, закана за бомба била испратена во основно училиште во Бернолаково, исто така во регионот на Братислава.
Оваа информација на Фејсбук ја потврди и министерот за образование Томас Дракер.
„Најостро го осудувам овој невиден чин насочен против нашите деца, родители и наставници“, напиша тој на својот профил.
Министерот за образование и порача на јавноста дека состојбата се следи одговорно и дека МВР и полициските сили ја обезбедуваат безбедноста.
Истовремено, словачките министерства за образование и внатрешни работи свикаа заеднички состанок со цел да се реши новосоздадената ситуација.
Ново на Сител
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар
-
Кинеските инфраструктури и нивното влијание