Во Скопје вчера 13 сообраќајки, повредени 10 лица
Во Скопје во текот на вчерашниот ден извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди, во кои со повреди се здобиле 10 лица.
Се случиле и седум незгоди со последици материјална штета,
Самостојниот инспектор во СВР-Скопје Драган Вељаноски информира дека вчера се откриени и санкционирани поголем број на прекршоци. Од нив, ги издвои, 22 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, осум осум возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани, а седум возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.
Дванаесет пешаци сториле прекршоци по разни основи.
Санкционирани се пет возач на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои не го носеле заштитниот шлем на главата за време на возењето на патот, како и 52 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден отстранети се 81 возило.
Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамки на своите превентивни активности ќе реализира сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на пешаци, кои направиле прекршоци по разни основи.
Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска ќе реализираме едукативни работилници во Детската Градинка „Срничка“ објект „Изворче“ истиот се наоѓаат на подрачјето на општина Аеродром.
Денеска до почеток во 20:00 часот на Националната арена „Филип Втори” во рамки на Лига Европа ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу ФК Шкендија и ФК Млада Болеслав.
За време на одржување на овој вонреден настан а со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од наша страна ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичка регулација, а во зависност од моменталните состојби и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Прв Интернационален Филм Фестивал за Арт Терапија во Скопје
-
Андоновски: Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлине игри на среќа
-
Зајакнување на соработката меѓу армиите на Македонија и на Унгарија
-
Јаневска: На 1 септември ќе ги има сите учебници | ВИДЕО
-
„Ниту една казна нема да биде доволно“ - Обвинителството бара доживотен затвор за убијците на Вања и Панче
-
Во домот на напаѓачот во Грац пронајдено проштално писмо
-
Илјадници протестираа во Њујорк против имиграциската политика на Трамп
-
Турската полиција уапсила над 270 криумчари и над 1.000 илегални мигранти во последниве две недели