Во Скопје вчера 11 сообраќајки, шест лица лесно повредени
– Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од вкупно 11 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во осум сообраќајки била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Девет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло и тројца возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата.
Од сообраќај биле исклучени вкупно осум возачи, од кои еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол, шест возачи пред да се стекнат со право на управување, еден возач почетник, како и пет технички неисправни возила и пет нерегистрирани возила.
Затекнати биле 65 возила непрописно паркирани.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 57 возила.
Ново на Сител
-

Стабилно и релативно топло време во текот на следната седмица
-

Македонските ракометарки ја совладаа Словачка за прво место на турнротот во Анкара
-

Неготинка пријавила физички напад од поранешниот сопруг
-

Уапсен кавадарчанец, возел со 2,18 промили алкохол во крвта
-

Најмногу дожд во Гевгелија, од утре стабилизација на времето
-

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути
-

Песков: Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ за САД е позитивен чекор
-

Свечена академија по повод празникот „Св. Климент Охридски“ под покровителство на претседателката

