Во Скопје вчера 10 сообраќајки, потешко повредени пешак и возач на мопед
Еден пешак и еден возач на мопед се здобиле со тешки телесни повреди, а шест со лесни телесни повреди во пет од вкупно 10 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три е причинета материјална штета.
Според податоците на СВР Скопје, полицијата санкционирала 34 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената, шест кои управувале возило под дејство на алкохол, 17 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца почетници.
Од сообраќај биле исклучени 14 нерегистрирани возила, едно возило за претовар, а мерки за непрописно паркирање биле издадени 104. Со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 80 возила.
Полицијата евидентирала тројца пешаци за поминување коловоз вон пешачки премин, еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло, шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, пет возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и шест за неправилно престигнување.
Казнети се и седум за неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 за користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа