Во Скопје се отвора Винтерленд и ќе светне новогодишната елка
Со осветлување на Новогодишната елка поставена на плоштадот „Македонија“, вечер во 19 часот ќе се отвори новогодишната населба Винтерленд која ќе го збогати празничниот амбиент во градот во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници.
Како што соопшти Град Скопје, осветлувањето на елката ќе биде придружено со настап на средношколскиот хор составен од 120 ученици од девет средни училишта на Град Скопје, и тоа од „Никола Карев“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Васил Антевски Дрен“, „Владо Тасевски“, „Зеф Љуш Марку“ и „Панче Караѓозов“, кој околу половина час ќе изведува Божиќни песни. Средношколците на плоштадот „Македонија“ ќе пристигнат придружувани од членовите на Градскиот дувачки оркестар кој ќе изведе парадно концертирање од Старата железничка станица, па по улицата Македонија, се до плоштадот „Македонија“.
На осветлувањето на новогодишната елка ќе присуствува и градоначалникот Петре Шилегов кој ќе го означи почетокот на новогодишното празнување во Скопје.
Просторот околу елката е уреден како Новогодишна населба со украсени куќички во зимски амбиент и катчиња за игра и смеа. Во населбата со име „Винтерленд“ (Зимска земја) ќе има и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. Ќе има и топ за создавање вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во населбата ќе има катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер. Просторот околу елката, пак, ќе биде организиран како дел за храна и пијалаци, каде што граѓаните ќе може да седнат и да уживаат во понудата на околните куќички.
Официјалната празнична програма во центарот на градот ќе почне на 15 декември.
Ново на Сител
-
Вучиќ се приклучи на Движењето за народот и државата и ги повика и граѓаните да го сторат тоа
-
Приведен малолетник кој уценувал маж во Битола
-
АХВ со стручни обуки за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и миленици
-
Рубио: Се надевам на скоро дипломатско решение за завршување на војната во Украина
-
Хајди Клум, со својот фустан, ги прекрши правилата на Филмскиот фестивал во Кан
-
Појавата на проширени вени можно поврзана со развој на деменција
-
Реткиот „Медитеранско син“ дијамант од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра
-
Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер утре во Скопје