Македонија
10. October 2022 - 11:22

Во Скопје приведен крадец баран по потерница

 – Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска во 10:10 часот на ул.„Битпазарска“ во Скопје, го лишиле од слобода скопјанецот Ш.Љ.(20).

За него, како што информираат од МВР,  била распишана Централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од 18 месеци за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено – поправна установа за издржување на казната.