Македонија
17. March 2019 - 12:00

Во скопје изминатиот ден 56 возачи ја пречекориле брзината на движење, додека „пајакот“ подигнал 58 возила

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 16.03.2019 година во периодот од 06.00 до 22.00 часот спроведе акциска контрола за откривање возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Притоа, констатирано е дека 56 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило.  Откриени се и 51 останати прекршоци. Издадени се вкупно 75 мандатни платни налози и 20 прекршочни платни налози, а 12 возачи се писмено опоменати.

Со специјално возило „пајак“ се подигнати 58 возила кои биле непрописно паркирани во централното градско подрачје.