Во Скопје има училиште во кое ниту едно дете нема да тргне на настава
Додека во јавноста трае дебата дали учебната година треба да почне со физичко присуство или онлајн, учениците од ОУ Димитар Македонски во населбата Лисиче го немаат тој проблем.
Без оглед на официјалната одлука на министерството за образование сите деца да се вратат во училишните клупи, овие ученици, повеќе од 500 на број, сигурно ќе учат од дома.
Причината е тоа што се уште не е завршена реконструкцијата на училиштето која трае веќе 4 години. Училишната клупа со таблет ќе ја заменат и децата од прво до трето одделение.
Од општина Аеродром пак велат дека наставата во училиштето ќе се одвива комбинирано, а одговорноста за тоа зошто училиштето на ден пред стартот на новата учебна година нема услови за настава со физичко присуство , ја префрлија на МОН.
Наставата во ООУ „Димитар Македонски“ ќе почне редовно на 1 септември и тоа во комбинација онлајн и со физичко присуство. Што се однесува до реконструкцијата на објектот, ве информираме дека договорот за изградба на новиот објект е потпишан меѓу изведувачот и инвеститорот, односно Министерството за образование и наука, кои ги имаат сите детали, велат од општината.
Но од министерството за образование не добивме конкретен одговор.
Имајќи предвид дека во ОУ „Димитар Македонски“ во тек се активности за изградба на целосно нов училишен објект, од училишното раководство добивме известување дека наставата во новата учебна 2021-2022 година ќе започне онлајн за сите ученици и ќе трае до целосно завршување на градежните работи, односно во следните 30тина дена.
Инаку актуелниот градоначаник Златко Марин уште лани на фејсбук се пофали дека оваа година децата ќе имаат нови училници, но засега ништо од ветеното. Најавите за изградба на ново училште траat одамна. Пред последните локани избори во 2017 година, реконстукција на училиштето најавуваше и тогашниот градоначалник Ивица Коневски, но од 2013 година па до сега најстарото основно училиште во оштина Аеродром има само нова спортска сала.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар