-->
-->
Во Скопје 273 сообраќајни казни, 32 за брзо возење
-->
Во текот на вчерашниот ден во контролите извршени во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје изречени се вкупно 273 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции.
Од МВР денеска информираа дека 12 се мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за возење под дејство на алкохол.
- Изречени се 20 мерки за користење мобилен телефон при возење, 24 санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила..., посочуваат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
