Македонија
21. February 2024 - 8:44

Во Скопје 171 сообраќајна казна за возачи, 18 биле под дејство на алкохол

Во контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изречени се вкупно 171 меркa, соопшти денеска МВР.

Меѓу изречените мерки за возење повеќе од дозволената брзина се 16, 14 мерки се за возење без возачка дозвола, седум за користење мобилен телефон при управување, 18 мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.