Во Скопје 16 сообраќајки, тешко повреден возач на мотоцикл
Возач на мотоцикл е тешко повреден во една од вкупно 16 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на изминатиот ден во Скопје. Во 12 сообраќајки полесно се повредени 16 лица, а во другите три е причинета материјална штета.
Како што информира СВР Скопје, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои 10 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење. Двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, двајца возачи не ги почитувале светлосно-сигналните уреди, односно поминале на црвено светло на семафор, а тројца возачи не ги почитувале правилата за престигнување. Вкупно 14 возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон и 14 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 53 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 58 возила.
По повод одбележувањето на „Недела на детето“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со содржини од областа на сообраќајот и безбедноста на децата во сообраќајот со децата од средна и голема група во детската градинка „11 Октомври“, објект „Страшо Пинџур“ во општина Бутел.
Во Спортскиот центар „Јане Сандански“ вечер, во 19 часот, во рамки на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар меѓу ЖРК Вардар и ФТЦ Реил Карко од Будимпешта, Унгарија.
Ново на Сител
-
Дубаи потпиша договор за брза транспортна мрежа со компанијата на Илон Маск
-
Руски дрон удри во нуклеарката во Чернобил | ВИДЕО
-
МЗШВ: Во чест на денешниот празник Свети Трифун, исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари
-
Странски туристички агенти влегоа во Северна Кореја првпат по затворањето на границата во 2020 година
-
Таравари: Со пакет мерки да ги решиме грбот, химната и другите заостанати прашања
-
Дибала повторно се повреди
-
Манчестер Сити губи клучен играч до крајот на сезоната
-
Раниери лут по мечот со Порто: Судијата едвај чекаше нешто да се случи, за да му ја подари победата на противникот