Во Скопје 15 сообраќајки, повреден велосипедист
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 15 сообраќајни несреќи, од кои седум се со материјална штета и седум се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле осум лица.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист.
Како што информираа за МИА од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Санкционирани се 25 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, девет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, шест возачи поминале на црвено светло на семафор, 18 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и 13 возачи кои за време на управување на моторното возило го користеле мобилниот телефон, односно не го носеле сигурносниот појас.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот на вчерашниот ден отстранети се 70 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Димитар Милошевски“ со учениците од второ одделение, кое се наоѓа на подрачјето на општина Ѓорче Петров.
Со почеток во 17:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на АББА-лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу МЗТ Аеродром и Партизан, Србија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и на овој вонреден настан, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.
Ново на Сител
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот