Во Скопје 13 сообраќајки, еден пешак повреден

Пешак бил потешко повреден во една од вкупно 13 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет полесно биле повредени 10 лица, а во седум била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дванаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло.
Седум лица биле исклучени од сообраќај, четворица возачи кои го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи кои го управувале возилото нерегистрирано. Санкционирани биле и 25 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и 10 пешаци кои поминале кловоз на црвено светло. Затекнати биле 64 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 77 возила.
Ново на Сител
-

Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
-

Крис Браун призна вина и избегна затвор во Вeлика Британија
-

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на „Пулс” и поврзаните фирми
-

Температури под нулата утрово на Попова Шапка и во Лазарополе, Берово и Маврови Анови
-

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата
-

Претседателката на косовското Собрание, Аљбуљена Хаџиу, во посета на Парламентот
-

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година
-

Трамп нуди награда од милион долари за секој што ќе пријави изборна измама во САД
