Во Скопје 12 повредени во девет од вкупно 17 сообраќајки

Дванаесет лица се здобиле со полесни телесни повреди во девет од вкупно 17 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во осум сообраќајки била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 21 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол, девет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и 17 нерегистрирани возила.
Санкционирани биле и четворица возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, шест возачи за неправилно престигнување, четворица возачи за неправилно престројување, еден возач за не носење сигурносен појас и 20 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Санкционирани биле и пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.
Затекнати биле 85 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 68 возила
Ново на Сител
-

ОЈО Тетово отвори истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
-

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип
-

Трамп: Лицата кои оддаваат информации за воените операции на американската армија треба да бидат стрелани
