Во Сирија и Ирак војуваат 30.000 странски борци

Американските разузнавачки служби проценуваат дека речиси 30.000 странски борци од 2011 заминале за Сирија и Ирак, многу од нив за да се придружат на џихадистите на Исламска држава.
Тој број што опфаќа и голем број луѓе од Западот, меѓу кои и околу 250 Американци, двојно е поголем во однос на минатогодишната проценка на американските власти.
„Њујорк тајмс“ бројката од 30.000 странски борци ја објави повикувајќи се на анонимни „разузнавачки и полициски претставници“.
Се очекува во вторник да биде објавен извештај на комисијата на американскиот Конгрес за приливот на странски борци во Сирија и Ирак, што би требало да покаже дека нивниот број расте и така да укаже на тоа дека едногодишните воздушни удари на коалицијата на чело со САД не го забавиле темпото на регрутирање нови борци на ИД.
Освен воздушните напади на коалицијата на положби на ИД, Пентагон исто така воспостави 500 милиони долари вредна програма за обука на „умерени“ сириски бунтовници.
Ново на Сител
-

ЕУ предупредува: Алгоритмот на ТикТок ги изложува корисниците на содржини штетни за менталното здравје
-

Кумановец нападнал полицаец при обид да биде приведен
-

Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот
-

Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија за што имаме поддршка од ЕУ и земјите членки, нашите позиции се јасни и принципиелни
-

Одложено денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември
-

Променливо облачно време во наредните денови, од понеделник локален дожд
-

За девет месеци во 2026 година регистрирани над 1.300 кривични дела поврзани со семејно насилство
-

Истрага против четири лица, а за тројца побаран притвор после големата акција во Куманово: „Падна“ лихварска група
