-->
-->
Во Шведска транспортирани двајца повредени во пожарот во Кочани
-->
Од Скопје денеска напладне полета лет за медицинска евакуација на болницата Каролинска, со кој двајца пациенти се пренесени за медицински третман во Стокхолм во Универзитетската болница Каролинска, објави Амбасадата на Шведска на својата Фејсбук страница.
Оттаму додаваат дека континуирано лекување и нега се обезбедени при транспортот на пациентите од Скопје во болницата Каролинска.
- Северна Македонија побара помош преку Механизмот за цивилна заштита од ЕУ и Шведска, заедно со останати земји-членки, одговори во рамки на потребите на Северна Македонија. Шведска се солидаризира со Северна Македонија по трагичниот пожар што се случи викендов во Кочани. Нашите мисли остануваат со сите засегнати, додава Амбасадата на Шведска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!