Во Шведска изби најголемиот еколошки скандал во последните 50 години, обвинети се 11 лица
Единаесет луѓе поврзани со компанијата за управување со отпад „Тинк Пинк“ се обвинети за еколошки злосторства во најголемиот еколошки скандал во Шведска во последните 50 години.
Според шведските медиуми, 11 лица од компанијата „Тинк Пинк“ се обвинети за серија кривични дела во најголемиот еколошки криминал во Шведска.
Компанија за управување со отпад е обвинета дека незаконски закопувала и фрлала десетици илјади тони отпад на 21 локација во 15 општини ширум Шведска, што довело до пожари, протекување токсични материи и милиони трошоци за даночните обврзници.
Истрагата откри штетно ниво на арсен, диоксин, олово, цинк, бакар и нафтени деривати, а пред три години делови од Стокхолм беа обвиени со чад предизвикан од пожар на напуштена депонија управувана од компанијата.
Во центарот на скандалот се успешната претприемачка Бела Нилсон, која себеси се нарекува „кралица на отпадот“ и нејзиниот поранешен сопруг Томас Нилсон.
Сите обвинети го негираат делото.
Ново на Сител
-
Стармер изрази загриженост поради „одвратната омраза“ кон Евреите и муслиманите од 7 октомври 2023
-
Попко: Украинската ПВО одби нов напад на руските дронови врз Киев
-
Димитриеска-Кочоска: Ги консолидиравме и стабилизиравме јавните финансии, потврда добивме и од „Фич“
-
ЦУК: По обилните врнежи, водата во Гостивар не е безбедна за пиење
-
Во БиХ денеска се одржуваат локални избори, освен во пет општини на ФБиХ поради поплавите
-
Изменет сообраќаен режим во Скопје
-
Литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
-
Дачиќ: Српското МВР испраќа 36 членови на Тимот за спасување за помош во поплавите во БиХ