Во штипското училиште „Димитар Влахов“ се реши проблемот со греењето
![]()
Во штипското Општинско основно училиште (ООУ) „Димитар Влахов“ годинава е решен проблемот со затоплувањето на училниците. Миле Младеновиќ директор на ООУ „Димитар Влахов“-Штип вели дека инвестицијата во парните котли доаѓа од општината и од нивни сопствени средства.
– Го решивме и проблемот со затоплувањето на спортската сала. Поставивме 12 калорифери, со што го подобривме квалитетот на наставата по физичко, вели Младеновиќ.
Тој истакна дека извршена е и реконструкција на ходниците, со нови гранитни плочки, кои ја зголемуваат хигиената во самото училиште. Во текот на годината реконструирани се и кабинетите со најнова опрема, со што за учениците од повисоките одделенија воведена е кабинетска настава.
Во моментов се реновираат вкупно и 12 санитарни јазли во училиштето. Ова општинско училиште е едно од најголемите во Штип, каде што наставата ја посетуваат ученици од најголемите населби Сењак, Дузлак, Дузлачки рид и Света Недела.
Ново на Сител
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

Прес-конференција на министерот Муцунски за евакуацијата на македонските државјани
-

Евакуирани 150 патници од Дубаи, до крајот на неделата уште три авиони од Блискиот Исток
-

Синот на Али Хамнеи - Моџтаба, избран за нов врховен лидер на Иран
-

СДСМ: Mицкоски ги лаже граѓаните
-

Депонијата Буково го вклучи алармот
-

150 македонски државјани се вратија од Дубаи
-

Тема на денот со Назим Рашиди, новинар
