Во штипското текстилно училиште обуки за невработени лица

Штипското средно текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ ја доби лиценцата и верфикацијата за отварање Центар за обука на невработени лица, кои сакаат да се преквалификуваат за шивачи на текстилни производи.
Директорот на СОУ „Димитар Мирасчиев“-Штип, Дејан Доневски на денешната прес-конференција информираше дека пријавувањето на невработените лица е во Центарот за вработување во Штип.
- Што се однесува до верификацијата на установата имаме и верифицирана програма на шивач на текстилни материјали. Обуката ќе се одвива во училиштето и во текстилна компанија. Очекуваме бројка од заинтересирани невработени лица од Агенцијата за вработување и откако ќе ја добиеме бројката ќе пристапиме со обука и во училиштето и во компанијата, вели Доневски.
Досега имаат интерес од веќе 10 невработени лица, кои сакаат да ги поминат овие обуки.
- Планирано е обуката да започне од октомври и да заврши до нова година или почетокот на јануари 2019 година, рече Доневски.
За овие обуки имаат право да се пријават невработените лица над 18 години, а ќе траат најмалку три месеци. Верификацијата на програмата и на центарот е со важност од три години. Инаку, во штипските текстилни конфекции постојано има отворени огласи за вработување, а како што велат сопствениците на конфекциите имаат потреба од вработување на над 1.000 работници.
Ново на Сител
-

Што треба да преземе Владата, за да се намалат инфлациските очекувања?
-

Тема на денот со Даниел Стојчевски, пратеник од ЗНАМ
-

Се водат ли преговори за завршување на војната на Блискиот Исток
-

Дел од регионот се соочува со недостиг, а во Македонија дизелот поевтинува за еден денар
-

Цените на горивата може да ја забрзаат инфалцијата
-

Безбедносната состојба стабилна, Американците во светот повикани на претпазливост
-

СДСМ: Пратеничката група ни е стабилна, утре Централен
-

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходни се уставни измени
