Македонија
16. November 2016 - 14:53

Во штипските Градски гробишта се градат пристапни патишта и паркинг

Во Градски гробишта во Штип почна изградбата на пристапни патишта. Раководителот за Инспекциски надзор во Општина Штип, Тоше Ѓорѓиев на денешната прес-конференција истакна дека на барање на граѓаните од денеска се градат патишта  и паркинг простор.

- По барање на граѓаните и на ЈП „Исар“ Општина Штип распиша тендерска постапка за асфалтирање на пристапни патишта до новите гробни парцели. Овде ќе се асфалтираат вкупно 3.500 м/2 асфалтни улици и паркинг плац. Вкупната вредност на инвестиција е 2.400.000 денари, рече Ѓорѓиев.

Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека од денеска стратуваат градежните работи, а фирма изведувач е „Коле транс инжињерин“. Очекува во најкраток  временски период да се реализира и овој проект, а исто така и да се изгради и  паркинг просторот околу Градската капела.