Во штипската Клиничка болница хоспитализиран овчар каснат од змија
Во штипската Клиничка болница е хоспитализиран 68 годишен од Крива Паланка, кој бил овчар во пробиштипскиот регион, кој е каснат од змија шарка.
Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека пациентот е надвор од животна опасност, а лекарите од Инфективното одделение веднаш му го дале потребниот серум.
Како што појаснил 68 годишниот овчар, додека ги напасува овците почуствувал болка во еден од прстите. На лекарите им кажал дека бил каснат од змија, која народот ја знае како шарка.
Началникот на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип, Глорија Караѓозова вели дека серум против змиски отров имаат во доволни количини, но апелира покрај стерилизацијата на каснатото место, луѓето кои работат на отворено, а особено земјоделците и сточарите да бидат внимателни при извршувањето на своите земјоделски работи.
Во штипската Клиничка болница минатата година се хоспитализирани пет лица, меѓу кои и едно дете, кои биле каснати од змии.
Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Шуманска вели дека регистрирани се и случаи за остранување на крлежи.
- Околу триесетина пациенти од источниот регион досега, односно годинава на Одделението за хирургија имаат побарано помош за отсранување на крлежи од нивното тело, вели Шуманска.
Лекарите апелираат да се внимава кога се излегува во природа, а земјоделците кои во моментов се подготвуваат за жетва да внимаваат во своите ниви, со цел да не ги касне змија или пак да не им се прикачи крлеж.
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени
-
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во ноќен клуб во Мексико
-
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
-
Два вооружени грабежи на Бит Пазар во еден ден
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност