Во Штип заврши реконструкцијата на улици во центарот и населбата Карорман
Општина Штип заврши со асфалтирање на три улици во Штип и на улици во населбата Стар Караорман. Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов на денешната прес-конференција информира дека реконструирани се улиците „Димо Хаџи Димов“, „Јане Сандански“ и „Борко Талев“. Општина Штип во овие улици инвестираше 70.000 евра.
- За време на викендот заврши асфалтирањето на улиците во Караорман вредни три милиона денари. Станува збор за асфалтирање на 14 улици кои конечно се уредени по неколку децении. Овде активностите траеја малку подолго заради обемноста на градежниот зафат, вели Ристов.
Општина Штип презема активности за асфалтирање на нови улици согласно завршените тендерски постапки. Во текот на наредните денови ќе се почне со асфалтирање улиците „Мара Минанева“ и „11 конгрес“ каде ќе биде ставен втор слој на асфалт, потоа „Иво Лола Рибар“, „Вита Поп-Јорданова“, „Крсте Мисирков“, „Сремски фронт“ кај поранешен „Базалт“, „АСНОМ“, како и улиците во селата Селце и Драгоево.
Општина Штип во изминатите три години асфалтираше над 110 улици во градот и селата. Уредени се и сообраќајниците кои се влез и излез на Штип од Скопје, Кочани и Струмица, а дел од средствата освен од Буџетот на локалната самоуправа беше обезбеден и преку Јавното претпријатие за државни патишта и Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој.
Ново на Сител
-
Се претставил како дипломат на ГП „Табановце“, приведени две лица за фалсификување исправа | ФОТО
-
Активни пожарите на Готен и во малешевијата, на Бешешки рид и уште четири други
-
Приведени четири лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Зголемена фреквенцијата на возила на граничните премини Табановце и Пелинце
-
Засилени царински патроли на Охридско Езеро: Целосна контрола на пловните објекти за спречување криминал и избегнување на давачки
-
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Повторно енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата
-
УХМР: Денеска до 43, од утре и следната недела пониски температури, нестабилност со пороен дожд и грмежи
-
Ноќеска активни дeсeт пoжaри, 16 сe изгaснaти