Во Штип утре светиот крст ќе се фрла на две локации

Триесетина штипјани ќе скокаат по чесниот крст во водите на реката Брегалница и тоа на две локации. Во Штип традиционално крстот се фрла во штипско Ново Село и кај Камениот мост во населбата „ 8-ми Ноември“.
– Во моментов има пријавено 17 кандидати за штипско Ново Село, кои ги исполнуваат условите односно се полнолетни и крстени. За малолетните кандидати апелираме да дојдат со родители кои ќе потпишат согласност, вели свештеник Добрица Јанев.
Протереј ставрофор, Николче Ѓорѓев забележа дека прославата за Богојавление почна од денеска со литургија и светење на водите, а денешниот ден е означен како строг пост.
– По утрешната литургија има лицитација за чесниот крст што традиционално се организира во Штип, а потоа се упатуваме на мостот кај градинката „Астибо“ каде во водите на Брегалница ќе биде спуштен чесниот крст, вели Ѓорѓев.
Традицијата за спуштање на светиот крст во вода е традиција стара колку и христијанството и го симболизира крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан.
Ново на Сител
-

Поништени студиите на 11 студенти од Филозофскиот факултет
-

ОЈО-ГОКК: Тестот на обвинетата Димитровска го полагал друг, а таа му пишала порака дека ќе чести ручек
-

Кој ќе ги гони полицајците за „Пулс“?
-

ФЗО проверува зошто доктори од внатрешноста земаат и по 2000 евра плата, а пациентите ги праќаат во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
