Во Штип сообраќајни контроли за возачите на мотори

Секторот за внатрешни работи-Штип во текот на вчерашниот ден спроведе засилена контрола на патиштата и улиците за возачите кои прават прекршоци возејќи велосипеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека од страна на полициските службеници преземени се вкупно 53 мерки против ваквиот вид прекршоци.
- Тројца возачи се исклучени од сообраќај, на 33 издадени им се прекршочни платни налози, седум писмено се опоменати и 10 се повикани на сообраќајна поука, вели Панајотова.
СВР-Штип апелира до сите возачи на мотицки да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, но и да внимаваат на правилата, како и да користат заштитен шлем, заради лична безбедност, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
