Во Штип со свечена седница одбележан Денот на народното востание
Со положување цвеќе на споменикот на револуцијата на тврдината „Исар“ и со свечена седница на Општинската организација на Сојузот на борци-Штип денеска беше одбележан 11 Октомври, Денот на народното востание.
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски во своето обраќање на свечената седница рече дека 11 Октомври е денот кога македонскиот народ тргна во решителна борба за своја самостојност.
– Во тоа време, Македонија ја избра вистинската страна, во борба против антихитлеровата коалиција.Тоа беше историски миг од македонската национална историја, кога македонскиот народ беше единствен и обединет. Тоа беше доказ дека само обединет и сплотен народ е посилен од се, особено од идеја за негово уништување. Ние новите генерации, длабоко им се поклонуваме на нашите предци кои ни ја донесоа слободата, вели Бочварски.
Претседателот нa ОО на СБМ-Штип, Петар Мицевски подвлече дека Штип даде над 800 жртви за извојување на слободата на Македонија.
– Востанието на македонскиот народ е против фашизмот и со тоа започнува борбата за слобода. Ова востание е пресвртница за македонската самобитност, национална индивидуалност на нашиот народ, социјална права и сопствена државност, вели Мицевски.
Сојузот на борците годинава ја одбележува 72-годишнината од своето постоење и делување.
Ново на Сител
-
Претседателот на хрватскиот Сабор во посета на Македонија
-
Првите пари од унгарскиот кредит префрлени на сметката на Развојната банка
-
ВМРО-ДПМНЕ: ССМ ги преповторува ставовите на СДСМ
-
Градоначалникот на Струмица прашува кој ја блокира реконструкцијата на патот Струмица Дабиле
-
460.000 евра за О.Карбинци од унгарскиот кредит
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство